Нашиот ракометен шампион ја забележа третата победа во групната фаза на најголемото ракометно натпреварување. Ниту Кристијанштад не успеаа да се попречи на патот на Вардарци, за продолжување на победничката серија, која трае од почетокот на сезоната. Противникот немаше ниту едно водство, се што успеаа да направи е само на два пати да го израмни резултатот.
Во главно издание на овој дуел, беа голманите на двете страни. Кај нас големиот и искусен Арпад Штербик и кај противникот, тоа беше младиот Небојша Симиќ. Уште пред почетокот на мечот во нашите најави рековме дека ова ќе биде интересен дуел на овие двајца голмани, кои се наоѓаат во одлична форма на стартот од сезоната. Штербик со своите 20 одбрани, наспроти 17-те на Симиќ беа главните актери на овој квалитетен натпревар. Арпад покажува дека е речиси половина од тимот и на овој меч имаше одлично издание. Кога се има таков чувар на мрежата, многу е полесно за целиот тим. На спротивната страна младиот Симиќ кој има само 22 години, како да беше мотивиран да се докаже пред неговиот идол-Штербик.
Сепак на крајот голманската и целата битка ја добија нашите ракометари, кои со два бода си заминаа од ова прилично тешко гостување. Со овој триумф го зазедовме првото место на табелата со максимални 6 бодови. Во сабота не очекува нов тежок дуел, кој според ЕХФ е одреден да биде натпревар на колото во ЛШ. Во Ј.Сандански ќе гостува бундеслигашот Рајн-Некар.