Летонската судиска двојка Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис ќе ја дели правдата на ракометното полуфинале во Келн на кое се среќаваат Вардар и Барселона.
Ова е голема чест за оваа искусна судиска двојка, која на многу наврати изминативе сезони му судела на нашиот тим. Се надеваме на фер и коректно завршена работа.
Инаку, доколку Вардар се пласира во големото финале, ќе има арбитража од Германија во имињата на Ларс Геипел и Маркус Хелбиг.
Завршниот турнир во Келн се игра на 1 и 2 јуни.