Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кисељев: Вардар ќе продолжи да постои
Кисељев: Вардар ќе продолжи да постои

Кисељев: Вардар ќе продолжи да постои

Репрезентативецот на Русија и член на Вардар, Дмитри Kисељев и дефинитивно го потврди своето заминување од Скопје по крајот на актуелната сезона. Русинот не се изнаигра во нашите редови, па сигурно тоа е една од главните причини што по само една сезона си заминува од таборот на Вардарци.

Kисељев во интервју за рускиот сајт ‚‚Брз Cентар‘‘ открива и многу интересни детали:

‚‚Цела сезона во Вардар учев сосема нов ракомет кој што не го ни замислував, шпански тренер, шпански систем. Стекнав многу вештини во играта во напад и во одбрана. Иако малку бев на теренот, тренирав врвно и со најдобрите и мислам дека многу напредував. Најверојатно не сфатив најдобро што Роберто очекуваше од мене и затоа имав помалку доверба кај него. На состанокот со Самсоненко и Михајловски ни беше кажано дека Вардар ќе опстане и догодина и мислам дека ќе го одржат зборот. Поразот во финалето на купот не е изненадување, секој тим може да има лош ден, а ние во принцип веќе се подготвуваме за средбата со Барса во полуфиналето. Нивото на квалитетот на првенството во Македонија е многу пониско во споредба со руското, има два клуба кои колку-толку парираат на Вардар, а другите се далеку назад. Во Келн ќе отидеме подготвени и јас ќе ја оправдам довербата што ќе ја добијам дали тоа било пет минути, две, или десет секунди за да помогнам на тимот и да го заменам Кристопанс‘‘, рече Kисељев.