Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лицис и Сондорс судии на дуелот Вардар – Барселона
Лицис и Сондорс судии на дуелот Вардар – Барселона

Лицис и Сондорс судии на дуелот Вардар – Барселона

Летонската судиска двојка Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис ќе ја дели правдата на ракометното полуфинале во Келн на кое се среќаваат Вардар и Барселона.

Ова е голема чест за оваа искусна судиска двојка, која на многу наврати изминативе сезони му судела на нашиот тим. Се надеваме на фер и коректно завршена работа.

Инаку, доколку Вардар се пласира во големото финале, ќе има арбитража од Германија во имињата на Ларс Геипел и Маркус Хелбиг.

Завршниот турнир во Келн се игра на 1 и 2 јуни.