Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2006 го совлада Пирин од Бугарија, на пријателски меч одигран на Академијата
Вардаровата генер. 2006 го совлада Пирин од Бугарија, на пријателски меч одигран на Академијата

Вардаровата генер. 2006 го совлада Пирин од Бугарија, на пријателски меч одигран на Академијата

Гостин на Академијата на ФК Вардар е екипата на Пирин од Благоевград, која одигра пријателски натпревар со генерацијата на ФК Вардар родени 2006 година. Продолжува традицијата на гостување на оваа бугарска екипа во Скопје.

Натпреварот се одигра на теренот на Академијата, две полувремиња од по 40 минути. Избраниците на Филип Спасевски одиграа одлично прво полувреме, на кое имаа висока предност од 3:0. Во вториот дел, вардаровиот тренер им даде шанса за настап на сите играчи, кои му беа на располагање. Во овој дел од мечот,противникот се погрижи да го намали резултатот на 5:3, кој на крајот беше и конечен на овој пријателски дуел.

Хетр-трик постигна Алтин Алији, од кои вистински еврогол беше последниот петти гол кој го постигна од слободен удар. Покрај него во листата на стрелци се запишаа уште и Нуман Ајетовиќ, како и Антони Динов

Вардар: Данстак, Николов, Порчу, Јанкоски, Ајетовиќ, Нурединовски, Миоски, Величковски, Николовски, Алији, Динов.