Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс и Дибиров дел од топ-5 листата за најдобри стрелци во историјата на СЕХА
Кристопанс  и Дибиров  дел од  топ-5 листата за најдобри стрелци во историјата на  СЕХА

Кристопанс и Дибиров дел од топ-5 листата за најдобри стрелци во историјата на СЕХА

СЕХА лигата и оваа година како шампион го има РК Вардар, веќе се познати и деталите за идната сезона во регионалната лига која ќе се игра во изменет систем и ќе има интересни новитети. За време на паузата на официјалната страница на регионалното натпреварување беше објавена вечната листа на топ-5 најдобри стрелци.

На истата има место за двајца вардарци, станува збор за десниот бек на Даинис Кристопанс и левото крило Тимур Дибиров. Летонецот  е на втората позиција со 630 постигнати погодоци, додека Дибиров е на четвртото место со 437 постигнати голови. На лидерската позиција се наоѓа капитенот на ППД Загреб, Златко Хорват кој има дадено 640 гола во досегашните осум сезони од регионалното натпреварување.

60293689_728310900921210_5064853876163739648_n