Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Царчев: Грујовска е перфектен голман со голема интелигенција и храброст, Ѓорѓиевска е талентиран голман пред кого е многу работа
Царчев: Грујовска е перфектен голман со голема интелигенција и храброст, Ѓорѓиевска  е талентиран голман пред кого е многу работа

Царчев: Грујовска е перфектен голман со голема интелигенција и храброст, Ѓорѓиевска е талентиран голман пред кого е многу работа

Секогаш е тешко да се започне вовед за една ваква црвено-црна величина како што е Александар Царчев. Тој е поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим.  Има еден интересен факт  за него, тоа е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од животот и кариерата. Нема сегмент од вардаровиот тим каде  нема тој свој удел, како активен голман го носел вардаровиот дрес, како тренер работеше со сите генерации во машкиот и женскиот тим.

zrk7

Моментално покрај тренерската функција кај голманите е дел од стручниот штаб на ЖРК Вардар на позицијата помошник тренер на  селекторот на земјава и наш шеф на стручен штаб, Симе Симовски. Царчев посветен е целосно на Вардар како тим, неговите денови минуваат во беспоштедна работа во сала со она што е иднина на вардаровиот колектив и македонскиот ракомет воопшто. Круна на неговата работа беше саботата, кога за еден час доби три признанија за неговиот труд.  Првото стана помошник тренер  на тим кој е најмлад, а сепак освојува “сребро“ од Купот. Веднаш потоа неговата голманка  Грујовска  на само 15.години доби награда за најдобар голман на завршницата на сениорскиот Куп во Куманово. Сепак тоа не беше се, таа сабота час подоцна стигна вест од Делчево дека неговата работа дала плод на уште едно поле, Ѓорѓиевска беше прогласена за најдобар голман во пионерската лига.  Три признанија за еден час, нешто што секој тренер треба да го доживее, ама Царчев заслужи бидејќи се вложува со срце и душа максимално во се што работи, тоа е нешто што е за респект.

zrk3

Купот дојде како круна на макотрпната работа во текот на целата сезона, се работеше под притисок имавме скратен ростер поради голем број на повреди, девојките беа дебитантки во сениорска конкуренција, отпишани ама се издигнаа. Се се валоризираше на завршницата во Куманово. Зборуваме со помошник тренерот на оваа блескава екипа, за овој завршен чин од Купот на Република Македонија.

Купот беше “круна“ на сите инволвирани во оваа генерација на млади ракометарки. Благодарност до Раул Гонзалез кој една и пол година работеше со нив, благодарност до Индира Кастратовиќ која е кординатор и задолжена за се во клубот. Овој успех беше благодарност и до Драгана Ристова која ги водеше под менторство на Раул и секако голема благодарност до колегата Симе Симовски. Тој е човек со големо ракометно и тренерско искуство, ние во Вардар сме едно големо семејство и така и фунционираме. Финалето е напревар за паметење, голем респект за младите лавици кои се бореа до последен момент, но го плативме “данокот на неискуството“ во клучните моменти. Девојките за мене и сите останати се морални победници. Јас после натпреварот им посочив дека Куманово го освои Купот, но дека нема за што да жалат во наредните години вие девојки ќе го освојувате со вашата младост, полетност и квалитет.

zrk12

Често сме пишувале за “Царчевите ангели“,  триото голмани на ЖРК Вардар. Една од нив е Симона Грујовска, единствената репрезентативка во овој состав, која всушност е и најмлада. Таа со 15.години беше најмлада од сите голманки на сениорскиот Куп, ама тоа не ја спречи да биде “владетел“. Одлично одбрани во 1/2-финалето каде имаше 7 важни интервенции во првиот дел кога се создаваше предноста за финале. Сепак мечот за пехар беше дуел на кариерата за неа, влезе од клупа и издоминира, со 17 одбрани оваа голманка на Царчев ја занеме салата. На крајот од мечот дојде она што го заслужи не само во финалето туку цела сезона наназад, златниот пехар на кој пишуваше “НАЈДОБАР ГОЛМАН“ беше во нејзините раце. 

zrk6

Најдобрата голманка во Купот на Македонија, Симона Грујовска е ангелот мој, како и Јована Трајкоска и Андреа Илиќ. Грујовска е перфектен голман, која ја краси голема интелигенција и храброст за нејзините години. И предвидувам блескава кариера на неа и на останатите мои ангели. Заслужената награда е круна на макотрпниот процес и посветеност на еден голман и еден негов ментор. Таа поседува голем квалитет и талент кој треба да се надоградува низ процес на посветен тренинг и секако постојана работа.

Пионерките на ЖРК Вардар предводени од Платон и Папуџиева дојдоа до “круна“ на Ф-4 турнирот во Делчево. Покрај златните медали од вардарки три девојки добија лични признанија, една од нив беше и талентираната голманка, која работи со Царчев надежната Вероника Ѓорѓиевска. Таа беше избрана во идеалниот тим на финалето и доби признание за најдобар голман на целиот Ф-4 турнир. Што е показател на нејзниот квалитет и одличната работа со тренерот на голмани Царчев, како и остатокот од стручниот штаб, Платон-Папуџиева на пионерската екипа.

zrk13

Пионерскиот голман број еден оваа сезона, Вероника Ѓорѓиевска е исто така талентирана млада голманка, која поседува квалитет кој лесно се забележува. Млада е има уште многу да учи, да се посвети и да биде вредна бидејќи тоа е патот до успехот. Само треба работа, работа и успехот ќе дојде за ова талентирано “ѕверче“.

Рецептот за млад  “успешен голман“ го има токму тој, покрај сегашните девојки кои имаат признанија на турнирите каде настапуваат и во првенствата Царчев Александар  имаше успешна приказна и со една генерација девојки кои сега бранат ширум Европа. Како што вели неговата ракометна приказна ќе “живее“ и понатака, бидејќи способноста, посветеноста и стручноста се негова одлика. Тој како “ ракометен магионичар“ се што ќе допре претворува во “злато“. Сите негови девојки напредуваат со голема брзина, резултатите се евидентни, од меч во меч се гледаат пред нашите очи неговите часови и часови посветен труд на голманската вардарова и македонска иднина.

Сите мои голманки се одлични како што напоменав двете “лауреатки“ Грујовска и Ѓорѓиевска, потоа Леа Христова, Трајкоска и Илиќ, сите тие во еден момент ќе “експлодираат“ ракометно. Рецептот за добар голман е 90% макотрпна работа плус 10% талент, сето тоа дава како резултат голем квалитет. Јас како тренер ќе продолжам да “живеам“ во ракометот преку нив како и преку веќе етаблираните моите пуленки во странство: Јована Мицевска (Ница, Франција), Драгана Петковска (Данска) и Љупка Белмезова (Грција).

zrk8

Александар Царчев во овој состав на стручниот штаб на ЖРК Вардар ја извршува функцијата на помошник тренер, тој секогаш е со девојките во тешките моменти често е голем мотиватор на тимот.  Зборуваме за неговата улога како помошник, системот кој го применуваат со Симовски и кој донесе плод и очекувањата за иднината на овој црвено-црн женски надежен тим.

Како помошен тренер со колегата Симе Симовски споделуваме моменти за она што треба да играме во одреден момент на натпревар и со играчите кои се слабостите на противничките голмани. Но секогаш не успеваат, треба време и во наредните три години со дополнување на играчкиот кадар треба да играме во лигата на шампионите со Македонски ракометарки. Најважна работа за оваа екипа е системот на тренинг кој го наследивме од Раул Гонзалез и први од пред четири години го примениве во женските епипи од генерација 1996, потоа во 1998 и 2000.  На истиот систем со колегата Симовски  му ја вдахнавме нашата ракометна креативност во одбраната и додатно поврзување на сите алки во тимот, тоа дава плод онака како што и очекувавме- завршува Царчев.

Михајло Тушевски