Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар лесно триумфираше на гостувањето кај РК Бутел, Кизиќ фантастичен
Вардар лесно триумфираше  на гостувањето кај РК Бутел, Кизиќ фантастичен

Вардар лесно триумфираше на гостувањето кај РК Бутел, Кизиќ фантастичен

Попладнево  во спортската сала во Бутел, екипата на Вардар гостуваше кај тимот на РК Бутел, на натпревар од плеј-офот во Супер Лигата.  Избраниците на Парондо  лесно се справија со тимот кој одлично игра на домашен терен, па сега имаат  максимални 15 освоени бодови после пет одиграни кола. Победата дојде со резултат 31-43.

Дуелот го игравме без неколку стандардни првотимци: Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Игор Карачиќ и Дејан Милосављев. На голот започна Марко Кизиќ кој имаше фантастичен дуел. Отворивме со голот на Војводиќ,  домаќинот врати со иста мерка, тоа беше прв и последен пат тие да имаат активен резултат. Следеше наша серија 0-4 по која поведовме со 1-5. Во продолжение ние постојано бевме во водство, на полувреме заминавме со двоцифрена предност. Имавме двојно повеќе погодоци постигнато од тимот кој ја игра деби сезоната во суперлигашката конкуренција.  За време на паузата на семафорот стоеше 12-24.

Шпанецот на нашата клупа, Парондо во  вториот дел  ја внесе клупата, сепак истиот ритам на дуелот продолжи. Имавме голема двоцифрена предност, умно ја браневме со игра гол за гол контролирајќи го резултатот да биде над двоцифрената граница. Потребно беше да се штедат сили бидејќи, утре Вардар гостува кај РК Пелистер во Битола До крајот нашиот тим  победи со 12 гола предност,  колку што однесе како “залиха“ по крајот на првите 30.минути, новите бодови дојдоа со резултат 31-43.

Најдобри стрелци кај црвено-црниот тим беа крилото Владо Недановски со десет голови и средниот бек Јања Војводиќ, кој постигна осум погодоци. Младиот голман Марко Кизиќ имаше одлична партија со 14 одбрани.