Младинците на ФК Вардар стигнаа и до 22.првенствена победа во првенството, откако денес на домашен терен ја победија екипата на Македонија Ѓ.П. Победата за избраниците на Тодоровски Саше Рап-тап дојде со минимални 1-0 (0-0).
Вардар: Андов, Радевски, Пешевски (c), Наумчески, Стојчески, Велковски, Ѓорѓиески, Колевски, Димоски, Божиноски, Тасев.
Првиот дел заврши со почетните 0-0, иако имаа прилики двата младински тима мрежите на Андов Матеј и Серафимов Дамјан минуваа во првите 45.минути на овој младински дуел. Натпреварот го реши еден потег, еден гол беше доволен за победа и нови три бода на црвено-црните на оваа средба. Се играше 60.минута кога за нас погоди нововлезениот Ибиши Џемаил, тој стрелаше за 1-0 резултат со кој се оконча оваа средба.