Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Кул Здравје е освојувач на купот кај генер. 2005, откако во финалето го победија Вардар
Кул Здравје е освојувач на купот кај генер. 2005, откако во финалето го победија Вардар

Кул Здравје е освојувач на купот кај генер. 2005, откако во финалето го победија Вардар

Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигра големото финале во фудбалскиот куп, кај генерацијата родени 2005 година. Во истото се сретнаа екипите на Вардар и Кул, а славеше екипата на Кул, со резултат 1:2, откако Вардар прв поведе. Црвено-црните целосно потфрлија на овој финален дуел, па не е изненадување овој конечен исход.

Тренерот Петковски ова финале го стартуваше со следниве 11-сетмина: Филевски, Јакимовски, Кулуковски, Таневски, Серафимов, Спасиќ, Цветков, Лефковски, Гаштаров Величковски (c), Јовановски.

Вардарци започнаа фуриозно на ова големо финале од купот и уште во 3.минута од дуелот ја тресат мрежата на Кул. Започна акција од средината на теренот, Лефковски додаде до Кулуковски, кој од десната страна ја нафрли топката, на вистинското место во противничкиот шеснаесетник се најде Филип Јовановски, кој од некоку метри ја смести топката во противничката мрежа, за отварање на резултатот од 1:0 за црвено-црните. Веќе во следната минута се обиде екипата на Кул и тоа од слободен удар од голема далечина да го изненади нашиот голман, но Никола Филевски е присебен и го брани ударот. Голема шанса за екипата на Кул во 19 минута, откако Таневски не успеа да ја исфрли топката, се направи прилика и тоа голема за еден од играчите на Кул, кој имаше отворен простор за гол, излезе Филевски, за наша среќа топката заврши крај голот, ова беше навистина голема прилика за израмнување. Нов обид на Кул да се загрози нашиот гол, од прекин во 23 минута, но топката оди високо над голот. Претходно првиот жолт картон во нашите редови го добива Давор Серафимов. Екипата на Кул притисна и тоа даде резултатот, се играше 27 минута од мечот, кога успеваат да израмнат на 1:1. Одлична акција на Кул, невнимание во нашата дефанзивна линија, Филевски не можеше ништо да стори, па беше принуден да ја вади топката од мрежата. Падна темпото кај Вардар, после оној водечки гол, екипата на Кул беше таа која ја превзеде иницијативата на теренот. По првите 40 минути резултат е нерешен 1:1.

Голманска измена на стартот од вториот дел кај Вардар, Леонид Илиевски застанува на голот, од игра излегува Филевски. Поминаа десет минути од второто полувреме, а ниту една од екипите немаше директен удар кон голот. Нова измена кај црено-црните, надвор од игра е Лефковски, на негово место е Кристијан Антевски. Голема прилика за Вардар во 58 минута од дуелот, капитенот Величковски додаде до Јовановски, кој бие од прва, но одбрани голманот на Кул. Во 60 минута удар на Кул од околу 20 метри, за наша среќа топката оди крај голот, па резултатот остана непроменет. Тренерот Петковски направи и трета измена, од игра го повлече Гаштаров, на негово место е Кристијан Галевски. Во 65 минута обид од слободен удар на Горјан Цветков, кој биеше директно во голот, топката оди крај голот на Кул. И противничкиот тренер направи неколку измени, со цел да ја освежи играта, заморот се повеќе ги притискаше и двете екипи, финалето се ближеше кон крајот. Во последните пет минути од дуелот, Кул повторно користи едно наше невнимание, и го совладува Илиевски, за предност од 2:1. До крајот на мечот, Вардар имаше обид преку Јовановски, и капитенот Величковски, кој биеше силно, но одбрани голманот на Кул, исфрлајќи ја топката во корнер. Крај на финалето, Кул слави триумф од 2:1, честитки за оваа екипа, за која сигурно е еден од најголемите успеси за оваа фудбалска школа.

За Вардар ќе остане утеха трофејот од лигата, а една е сигурно дека оваа генерација во пролетниот дел од сезоната не прикажа ништо, имаше голем пад во играта, што секако се одрази и на денешното финале од купот.