Вардаровата генерација 2008 се наоѓа на турнир во Бугарија, „Тракиски Хотелиери“, каде денес одигра три натпревари. По крајот на истите момците на Влатко Колев обезбедија 1/4-финале кое ќе се игра утре.
На првиот дуел се сретнавме со екипата на Орлета, која ја совлада убедливо со резултат 6:1. По два гола во триумфот постигнаа Ненад Дамјаноски и Стефан Бранковски, додека еден гол беа дело на Арти Азизи и Огнен Костовски.
На вториот меч на турнирот за противник ја имавме екипата на ФК Септември, од која бевме поразени со резултат 2:0.
Во решавачкиот дуел за пласман во четврт-финалето се сретнавме со екипата на Локомотив Пловдив. Црвено-црните момци одигаа одлично на овој дуел, го котролираа мечот од самиот почеток, отворија рано и наметнаа темпо. Победата дојде со високи 7-0 по што го “визиравме“ пласманот во 1/4-финалето.