Генерацијата на ФК Вардар успеа втора сезона по ред во големото финале од купот на Македонија да ја совлада екипата на Шкендија и на тој начин да го одбрани трофејот од купот. Вардар ја победи Шкендија со 2:0, со головите на Георг Стојановски и Максим Милошевски.
Честитки од нашата редакција до тренерот Петар Ѓорѓиески и целата екипа за освоениот трофеј. Ние бевме присутни на денешноот финале од кое ви носиме фотографии од завршната церемонија.