Оваа недела како што е добро познато, на ред се настапите на фудбалските репрезентации, па така ПМФЛ има едно неделна пауза. По повод таа пауза, ФК Вардар ”бара” спаринг партнер, да одигра натпревар за викенд, и што е можно повеќе да се подготви за следните два натпревари. Пред некој месец како што паметиме, спаринг партнер на вардарци беше тимовите на Љубанци и ФК Скопје.
Најпрвин нашиот тим оди на жешкото гостување на Чаир, против Слога, а потоа за две недели играме дома со главниот конкурент за титулата тетовска Шкендија. Ова ќе бидат клучните два натпревари за нашите момци до новата календарска година, па затоа, ако сакаме да ”презимиме” на врвот, мора да ги добиеме овие два натпревари што следат.
Фото: fkvardar.mk