Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе има голема поддршка од трибините во Келн
Вардар ќе има голема поддршка од трибините во Келн

Вардар ќе има голема поддршка од трибините во Келн

Вардар на завршниот турнир кој ќе се одигра во Келн на 1.и 2. јуни ќе има поддршка од своите навивачи. Црвено-црните во полуфиналето за противник ја имаат екипата на Барселона.

Повеќе од 400 навивачи ќе има Вардар на трибините во Келн за време на Ф4 турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите на 1 и 2 јуни. Сите билети што клубот ги доби за своите навивачи е веќе распродаден. Нашите навивачи ќе бидат сместени во секторот 218, а искрено се надеваме дека многу повеќе навивачи ќе има со обележја на Вардар бидејќи има најави за повеќе наши навивачи кои индивидуално купиле билети за овие средби.

За оние навивачи што ќе патуваат во Келн потсетување што е дозволено за внесување во салата како навивачки реквизити:

Дозволено
* труби (без гас или електрични труби)
* мали знамиња на дршка со должина 1,5 м

Со ограничување
* тапани
* знамиња со големи дршки (за заштита од пожар класификација Б1 – отпорни на оган)

Лицата што носат знамиња и тапани ќе добијат акредитации од организаторот за знаменосачи и тапанари. Знамињата и тапаните мора да бидат потврдени од клубовите однапред и мора да бидат пренесени до организаторот од страна на клубовите. Соодветните акредитации можат да се подигнат на настанот во канцеларијата за акредитација
(се наоѓа на платото на LANXESS арената)

Забрането
* Знамиња со должина на дршка од 1,5 м
* Мегафони
* Гасни фанфари
* Електрични труби
* Вувузели