Денес, во рамки на последното коло од Плеј-офот тимот на ЖРК Вардар гостуваше во Битола кај екипата на Пелистер во битка за 3-тата позиција во лигата. Девојките на Симовски, Царчев и Ристова успеаа да победат со одлична игра. Ние игравме интелигентно, храбро и од срце. Браво лавици, победата дојде со резултат 32-37.
Првиот дел започна со по еден гол на двете екипи. Сепак вардарки дојдоа денес по победа и пласман во топ3 екипите во лигата. На средината на првиот дел се одлепивме на четири гола повредувајќи со 7-11. Противничките се обидоа да се вратат ама наидоа на мотивираните црвено-црни дами кои одолеа. Успеавме и да ја зголемиме предноста па на одмор заминавме со “капитални” пет гола, односно со резултат 12-17.
Вториот период од 30.минути започна како што завршува првиот дел со голема борба. Двата тима играа мотивирано, влогот беше позицијата број три на табелата. Притисокот од домаќинот успешно го амортизира ме постојано и успеавме да бидеме постојана комотна предност. Најчесто таа беше близу пет погодока. Победата дојде со резултат 32-37.
Николиќ беше одлична со 12 гола, таа едноставно одигра неверојатно, кај нас на овој дуел покрај беа се истакнаа со пет гола Ѓорѓиевска Фани и Петковска Мими. Само гол помалку имаа одличните крила Сара Миновска и Трпевска Ивона. Голманот Илиќ имаше 12 одбрани. Честитки за сите девојки, за стручниот штаб за денешната победа и успешната дебитантска сезона во сениорска конкуренција.