Доколку денес би завршило гласањето, дури петмина вардарци би се нашле во најдобриот тим во Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона. Вообичаено секоја година, на неколку дена пред стартот на Ф4 турнирот во Келн од ЕХФ го објавуваат идеалниот тим на сезоната, за кој фановите се уште се во можност да гласаат за најдобрите.
Сите играчи од Вардар, како и тренерот Парондо кои се најдоа во номинациите за избор на идеалниот тим, според моменталните гласови имаат водство пред останатите конкуренти. Така во моментов, според бројот на гласови, најдобар тренер е Гарсија Парондо, додека на крилните позиции се наоѓаат Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, најдобар голман е Дејан Милосављев, додека Даинис Кристопанс е најдобриот десен бек. Покрај нив, според моменталните гласови, најдобар среден бек е Кентин Мае, додека Микел Хансен е најдобар на позицијата лев бек, додека Колбахер и Фабрегас имаат најмногу гласови, во изборот за најдобар пикер, а Благотиншек е најдобриот дефанзивец.