Дејан Милосављев во интервју за сајтот на ЕХФ зборува за амбициите на неговиот тим во Келн, како и за неговата самодоверба која растела од меч во меч.
„Целиот тим и особено тренерот на голманите Дејан Периќ, многу ми олеснија бидејќи поминаа многу време работејќи со мене. Секако, тренинзите и добрата соработка со најдобрите играчи во светот ми дадоа верба, ја подигнав самодовербата за да можам да играм против сите. Сакам да играм под притисок и како што велат тренерите и искусните играчи, нема шампион ако нема притисок”, вели Милосављев и додава.
“Мојата желба е да станам шампион во Келн. Ф4 турнирот е сонот на секој ракометар и многу сум среќен што ќе учествувам на овој настан и ќе видам како тоа изгледа. Желбата за победа и одличниот квалитет и искуството на играчите се заштитен знак на Вардар. Вистинските херои се раѓаат кога се соочуваат со тешки ситуации и можам слободно да кажам дека моите соиграчи се најголемите херои што ги познавам”.