Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пишевски „јунак“ ФК Вардар генер. 2007 во тежок меч успеа да ја елиминира Албарса и да се пласира во 1/2 финалето
Пишевски „јунак“ ФК Вардар генер. 2007 во тежок меч успеа да ја елиминира Албарса и да се пласира во 1/2 финалето

Пишевски „јунак“ ФК Вардар генер. 2007 во тежок меч успеа да ја елиминира Албарса и да се пласира во 1/2 финалето

Генерацијата 2007 на ФК Вардар обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот турнир, откако во еден тврд натпревар успеа да ја победи екипата на Албарса (3:2).

Во првиот дел се играше цврсто, видовме само еден гол и тоа во мрежата на Албарса, Стефан Младеновски беше играчот кој го отвори резултатот за 1:0. Имавме прилик преку Шаботиќ и Грашески, но голманот одбрани, додека противникот се закани во една акција, но одбрани Јаневски. Во прилика се најде и Спасовски, кога од прекин биеше во живиот ѕид. На полувреме имавме минимално водство од 1:0.

1 2

На стартот од вториот дел, црвено-црните успеаа да го зголемат водството на 2:0, со голот на Лука Атаносовски, па се мислеше дека Вардар има контрола на играта и резултатот. Противникот се покажа како тврд „орев“ во продолжение од мечот, во кој пшравеше обиди, овој дуел да биде поинтересен. Опасен удар на противникот одбрани Лука Јаневски, но не и во следната акција, кога еден од играчите на Албарса биеше силно, Јаневски ја зафати топката за момент, но не доволно да заврши во неговата мрежа, што значеше намалување на 2:1. Златко Радевски се обиде кај нас, но шутира покрај голот. Имавме голманска замена, Антонио Пишевски го замени Јаневски. Не поминаа пет минути, противникот успева со нов прецизен удар од далечина да погоди за 2:2, немоќен беше Пишевски, топката под пречката заврши во нашиот гол. Албарса беше во атак, црвено-црните некако паднаа во својата игра.

3 4

После еден прекршок во нашиот голмански простор беше досуден пенал за противникот, но одлично брани Пишевски, кој го спаси Вардар од негатива и може да се каже дека беше клучен играч на овој четврт-финален дуел од детската лига. Како награда за неговата одбрана стигна и голот на Борјан Томовски, кој после добра акција со Младеновски, успева да ја затресе противничката мрежа и да му донесе водство на Вардар од 3:2. Останаа уште пет минути до крајот, во кои Албарса се закани со удар, но одбрани Пишевски, додека Вардар имаше прилика преку Младеновски, кој после одличен продор на Грашески, доби топка, но бие слабо. До крајот на дуелот немаше големи возбудувања, Вардар славеше победа од 3:2 и пласман во полуфиналето кое на програмата е во текот на денешниот ден.