Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > Slider > ВАРДАР Е НОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН, ПАДНА И Веспрем ЗА НОВ ИСТОРИСКИ ПОДВИГ
ВАРДАР Е НОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН, ПАДНА И Веспрем ЗА НОВ ИСТОРИСКИ ПОДВИГ

ВАРДАР Е НОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН, ПАДНА И Веспрем ЗА НОВ ИСТОРИСКИ ПОДВИГ

Вардар е новиот Европски шампион, откако успеа во големото финале да ја победи екипата на Веспрем и на тој начин да го повтори успехот од 2017 година.

Вардар одигра перфектно прво полувреме и на одмор замина со предност од пет голови. Во првите 8 минути од мечот се играше гол за гол и ниту една од екипите не се одлепи на поголема предност од два гола. Со голот на Дибиров, Вардар успеа да го израмни резултатот на 3:3, додека Милосављев стигна до својата прва одбрана. Од тие моменти избраниците на Парондо имаа контрола на играта и резултатот. Мораес Фереира донесе ново водство, но за кратко екипата на Веспрем донесе израмнување, 4:4 стоеше на семафорот во „Ланксес Арената“ и тоа беше последното израмнување на овој дуел. Вардар успеа да сврза два гола, преку Карачиќ и во контра напад на Дибиров, за прв пат да има водство од два гола позитива (6:4). Имавме многу идеи во нападот, за разлика од Веспрем, кој почна да се мачи со својата реализација. Во првото полувреме имавме одлични пикери кои, постигнуваа голови, но и изнудуваа две минути над противничките играчи. Во два наврати токму го головите на бразилецот Фереира, имавме предност од три гола (8:5 и 10:7), во тие моменти навистина игравме одлично. Милосављев успеа да му одбрани на Манасков од крилна позиција, а неговата интервенција со гол ја награди Кристопанс кој зголеми на 11:7. Тренерот Давид Дејвис повика минута одмор, кое даде резултат за кратко, со оглед дека неговиот тим со голот на Кентин Мае намали на 11:9. Во игра го видовме и капитенот Стојанче Стоилов, кој беше незапирлив на линијата од шест метри. Токму со неговиот прв гол зголемивме на 12:9, додека Скубе со нов погодок во 22 минута ги врати оние четири гола разлика (23:19). Продолживме со силното темпо на игра, Веспрем се обидуваше да намали, но тешко им одеше. Повторно гол за Стоилов, за нови четири гола водство, а летонскиот „џин“ Кристопанс повторно ја покажува својата моќност, едноставно кога ќе се издигне за удар е незапирлив, така беше и во ситуацијава кога постигна гол за 15:10 во 26 минута. Повторно Милосављев стапува на сцена и одново му брани на Манасков, кој е е немоќен во завршниот удар со нашиот голман. Кога судиите ни покажуваа пасивна игра, топка доби Стоилов, а играчите на Веспрем за да го запрат мораше да го влечат за да падне на теренот, тоа беше и исклучување од две минути за Терзиќ. Имавме и највисоки шест гола (16:10), кога постигна гол Скубе, за Веспрем да намали, а ние имавме и последен напад за гол, но не успеваме да реализираме. Се на се, одлични 30 минути за Вардар, Миосављев имаше 5 одбрани, додека Миклер само 2 интервенции

Во второто полувреме на голот застана Арпад Штербик, кој веднаш направи разлика на теренот. Сврза две одбрани, а Веспрем со голот на Ненадиќ од контра-напад намали на само два гола негатива (17:15). Вардар влезе во кризен период, тешко доаѓаме до ситуација за гол, додека Веспрем со нов гол успеа да намали на само еден гол негатива (17:16) во40 минута. Мораес Фереира игра одличен меч, со неговиот петти гол од исто толку обиди ја прекинуваме серијата на унгарците и зголемивме на 18:16. На голот застана и Калифа Гедбан и веднаш стигнува до прва, но многу важна одбрана.Браво и за Карачиќ, кој после одлично поставен блок од Стоилов, успеа да даде гол за 19:16. Повторно се враќа Веспрем во игра, Дибиров не успеа да го совлада Штербик, а Мае со гол од пенал намали на 19:18. Гедбан со одбрана на кариерата, му брани зицер на Нилсон, додека Кристопанс во напад погодува за 23:20. Каква одбрана Милосављев може вредна титула, а Кристопанс погоди за 25:23. Вардар слави нов трофеј победа со резултат 27:24. Вардар по втор пат ја освои Европската титула.

Фереира најдобар кај нас со 6 голови. Честитки за цела екипа, која остави срце на терен.