Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бронза за кадетите на РК Вардар, тие го совладаа Еурофарм во “малото финале“
Бронза за кадетите на РК Вардар, тие го совладаа Еурофарм во “малото финале“

Бронза за кадетите на РК Вардар, тие го совладаа Еурофарм во “малото финале“

Момците на Будимир и Станковски се “бронзени“ во кадетска конкуренција. Тие на денешниот Ф-4 турнир во Струга во малото финале по голема борба го совладаа тимот на Еурофарм Работник од Битола. Честитики за овој одличен тим на црвено-црните кои со играчи 2002 година успеаа во конкуренција на повозрасни екипи да изборат бронза во земјава. Вредната работа во текот на целата година даде плод на крајот од овој циклус на натпреварување.

61767422_373909206807131_5588240905841672192_n

Овој тим покажа дека е “плод“ на долго годишна работа, нешто што треба да се негува. Истите момци оваа пролет често добиваа прилика од шпанскиот стручњак Парондо да ги бранат боите на европскиот првак во домашните мечеви. Тоа покажува дека имаме одлична база во тимот на Будимир кој и понатака да се негува во иднина, тим кој е во топ-3 во кадетска лига каде е најмал, тим кој мина многу премежја низ оваа сезона со повредени играчи, тешки мечеви, настапи на три фронта (кадетска, младинска и делумно сениорска) и сепак задоволи максимално.  Сепак кога имаш тренер со визија мора да има ваков успех.61934181_364641447496674_6891556312430149632_n
Во малото финале тргнавме одлично односно поведовме со 1-4 на самиот почеток. Противникот од Битола кој играше прв натпевар на овој Ф-4 и имаше повеќе време за одмор успеа да се врати во игра и да изедначи на 6-6. Се боревме против заморот поради ппократкото време за регенирирање на силите. Потоа се до паузата се играше гол за гол па на одмор заминавме со 11-11.

61767410_875399979486305_3195274532273258496_n
Вториот дел беше борбен, се боревме за секоја топка, двата тима погодија по идентичен број пати, осум за резултатска симетрија 19-19. Вардаровата машина проработе, во одбрана успеавме да одиграме на ниво, ги затворивме сите приоди кон нашиот гол. Во нападот казнувавме немилосрдно. Со серија 7-2 успеавме да дојдеме до брозна со победа од 21-26.

61851984_2274320992829605_3471749634475425792_n
Во овој натпревар за третто место кај нас се истакнаа Савревски Давид со седум гола, Чакалиќ Бојан имаше шест погодоци, Марио Мишевски и Андреј Пешевски.

61799692_423956464855137_8294667045077778432_n
Претходно во полуфиналето бевме поразени од домашниот КЛ-7 со 28-21. Неможевме да се бориме против повозрасниот домашен тим кој имаше ветер во грбот од судиската двојка. Во првиот период одигравме машки борбено па на одмор заминавме со гол предност 12-11.

Вториот период започна со 14-14 потоа дојде судиската помош во моментите кога се кршеше дуелот, домаќинот ја искористи максимално. Грујовски и Чакалиќ имаа по 4 гола на таа средба. Треба да напоменеме дека огромен успех беше самиот пласман на Ф4 турнирот, нашиот тим е на возраст на пионери, односно 2002 година. Сите останати тимови настапауваат со играчи 2000 година на завршницата. Ние успеавеме да бидеме 3ти во кадетска конкуренција, во истата имаше три групи кои разигруваа, односно околку 30-сетина тима во земјава.

61837940_337495470280856_5263483632428777472_n