Голманот кој дојде како анонимец и за балкански услови во Вардар минатата есен имаше филмска сезона зад себе, во деби сезоната во Скопје освои домашна лига и Супер куп, но она поважното стана и Шампион на Европа и најдобар голман. Милосављев го напушта “црвено-црниот” тим, па во една емотивна порака на социјалните мрежи се простува од Вардар, фановите и Скопје.