Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Русија обезбеди ЕП, Кисељев и Дибиров имаа половина од головите
Русија обезбеди ЕП, Кисељев и  Дибиров имаа половина од головите

Русија обезбеди ЕП, Кисељев и Дибиров имаа половина од головите

“Зборнаја“  обезбеди пласман на Европското првенство  кое ќе се игра  на стартот од  2020 година. Вчера репрезентацијата на Русија  на гостински терен кај Италија успеа да  триумфира со 23-30, со што  го потврди второто место на табелата во групата.

Гостинската селекција  на  овој натпревар водеше постојано  и заслужено се радуваше  на крајот.  Русија дојде до висока победа поради одличниот настап на двајца  вадаровите ракометари Кисељев и Дибиров. Тие погодија речиси половина од головите на овој дуел за нивниот репрезентативен состав.  Бекот кој заминува од црвено-црниот состав постигна  осум гола, а шест пати погоди летачкото крило, Дибиров. Селекцијата ја преводи спортскиот директор на Вардар, Кокшаров, покрај момците кои стрелаа во ростерот беауште и  Шишкарев, Горбок и Калараш.