Пријателот на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо, кој беше долги години спонзор на ФК Вардар, почина денеска во Скопје на 70-годишна возраст по кратко болекување.
Слободан Вујчиќ – Брацо беше спонзор на Вардар во времето кога нашиот клуб имаше големи успеси во Европа, каде играше со великани како ЦСКА Москва, Спарта Прага и Рома, натпревари кои на Градски ги следеа огромен број на симпатизери на Вардар.
Почивај во мир!