Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во Несебар повторно три победи за црвено-црните, ФК Вардар ген.2005,2006 и 2007 редат успеси
Во Несебар повторно три победи за црвено-црните, ФК Вардар ген.2005,2006 и 2007 редат успеси

Во Несебар повторно три победи за црвено-црните, ФК Вардар ген.2005,2006 и 2007 редат успеси

Трите екипи на ФК Вардар кои играат на турнирот во Несебар-Бугарија по 2.коло го задржаа 100% ефект. Денес како и вчера сите три екипи, генер.2005, 2006 и 2007 дојдоа до нови победи.

ФК Вардар генерација родени 2005 повторно имаа дуел во кој доминираа како и вчера кога го совладаа со пет гола тимот на ФК Бургас Спорт. Денес момците на Зоран Петковски успеаа да ја победат екипата на С.С Јунорул во меч во кој ние диктиравме темпо. Победата дојде со резултат 4-0.

Тимот од Молдавија не успеаа да ни се спротивстави на овој дуел, па се помири со пораз. Ние погодивме преку Матеј Гаштаров два пати, по еден гол имаа Кристијан Антевски и Филип Јовановски. Овој тим утре ќе игра меч во 17-00 часот.

1329-660x330
Тимот на ФК Вардар генер 2006 ја забележа денес втората победа во 2.коло од групната фаза на овој турнир во Бугарија. Тие се сретна со екипата на Локомотив Софија, триумфот дојде со резултат 2-0.

Победата против бугарскиот преставник во нашата група беше остварена со головите на Антони Динов и Алтин Алији. Утре генерацијата 2006 игра во 13-30 минути нов натпревар.

2922-660x330
Најубедлив победа денес оствари екипата на ФК Вардар ген.2007. Момците успеаа да победат со двоцифрена предност. Тие го совладаа тимот на ФК Хасково со високи 10-0.

За нас погодија на оваа средба пет различни момци, Киш Марко даде четири гола, по два погодока имаа Александар Грашески и Борјан Томовски. Филип Смиљков и Михаил Јорданоски се впишаа во листата на сттрелци по еднаш.