Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Драган Манце Куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со три победи обезбедија 1/4-финале, ген.2010 ја мина групата
Драган Манце Куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со три победи обезбедија 1/4-финале, ген.2010 ја мина групата

Драган Манце Куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со три победи обезбедија 1/4-финале, ген.2010 ја мина групата

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар  се  дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2019“ во Белград. Натпреварите се играат на стадионот “СЦ Телеоптик-Партизан. На истиот црвено-црните  настапуваат  со генерациите 2008, 2009 и 2010 година кои ги денес ги минаа успешно групите. Во 1/4-финалето минаа 2008 и 2009, најмалите минаа само група и беа сопрени во 1/8-финалето.

ФК Вардар генерација родени 2008 на Влатко Колев одигра на ниво и обезбеди со три победи 1/4-финале на овој меѓународен турнир. Како второпласиран обезбедивме 1/8-финале кое го добивме.

На првиот натпревар со тимот на ФК Воша победивме со 2-0, на овој дуел одигран на пладне дојдовме до победа со доминантна игра. Следеше уште еден натпревар од групата-Ф. Во меч со многу борба дојдовме до победа со минимални 1-0 над тимот на ФК Комгап.

Со истата победа обезбедивме 1/8-финале, во овој прв меч на испаѓање се сретнавме со Чукарички. Победивме со 3-1 и обезбедивме 1/4-финале со тимот на Мачва, овој натпревар се игра утре во 10-30 часот.

aa-2
ФК Вардар генер.2009 на Колевски успеаа да обезбедат 1/4-финале тие денес наредија три победи, играјќи на ниво. На првиот натпревар победивме со тимот на Жупа, на оваа средба триумфиравме со минимални 2-1. Во вториот дуел момците на Илија Коловски успеаа да победат со високи 3-0, ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра со што обезбедивме 1/8-финале.

aaa
Во овој натпревар се сретнавме со ФК Сараево, на таа средба победивме со 2-1 и го исфрлиме ривалот од бирката за медали. За нас погоди двапат Јаков Стојковски на оваа средба.  Во 1/4-финалето ќе играме со тимот на ФК Дадкс-2, мето е закажан за утре, недела во 9-00 часот.

ФК Вардар генер.2010 успеа да ја мине групата-Е и да се пласира во 1/8финалето. Во групата денес се сретнавме денес со ФК Балкан, победата во дуелот во кој ние ја котролиравме играта дојде со резултат 2-0. Потоа во втората средба во групата го совладавме тимот на ФК Петра Пјуча, вардарци победија со резултат 2-1 на ова средба. За нас стрелаа Стефан Ристиќ и Марко Јовановски .

Со вкупно 9.бода освоени во групата отидовме во 1/8-финалето на овој меѓународен турнир. Таму се сретнавме со екипата на грчки ПАОК од Солун, ние бевме совладени со 4-1 на ова средба. Оваа беше најмала генерација на црвено-црните кои учествуаат на турнир, за нив важно е собирањето на искуства од вакви настани.