Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Митиќ Мартин златното момче на Вардар, тој се закити со кадетско “злато“
Куглање: Митиќ Мартин  златното момче на Вардар, тој се закити со  кадетско “злато“

Куглање: Митиќ Мартин златното момче на Вардар, тој се закити со кадетско “злато“

Во Купот на Македонија и МКЛ сениорскиот тим заврши на позицијата три, оваа сезона имавме и едно злато. Станува збор за кадетската конкуренција, каде на Државното поединечно првенство вардарец стана Шампион.

Се играа два круга на   “Државно кадетско првенство У18“  првиот во Битола вториот во Скопје, по крајот на истите   во машка конкуренција шампионот дојде од Вардар. Станува збор за Мартин Митиќ,  тој имаше скор од 938 кегли со што убедливо дојде до златото.  Мартин беше супериорен во неговата категорија, тој пред “сребрниот“ имаше предност од дури 64 “дрва“, а пред треттиот на листата  имаше дури 113 “дрва“.

61411929_1854120621356532_3481825949874388992_n

 Она што посебно радува на ова првенство е првата кадетска титула за кугларскиот клуб Вардар. Нашиот млад, талениран  и надежен куглар  Митиќ стана  кадетски државен шампион за 2019 година. Пофалба за неговиот тренер Драги Димитровски кој покажа дека е неприкосновен во “брусењето“ млади кугларски дијаманти.