Генерацијата 2007 на ФК Вардар денес на турнирот во Несебар против екипата на Зимбру во 1/2-финале успеа да победи со високи 3-0. Со оваа победа обезбедивме пласман во големото финале кој се игра попладне. Реал Ниш е наш ривал во мечот за „злато“. Борјан Томовски даде два гола, додека еден беше дело на Александар Грашески.