Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Падна и Реал Ниш, вардарците од генер. 2007 го освоија силниот меѓународен турнир во Несебар
Падна и Реал Ниш, вардарците од генер. 2007 го освоија силниот меѓународен турнир во Несебар

Падна и Реал Ниш, вардарците од генер. 2007 го освоија силниот меѓународен турнир во Несебар

Генерацијата 2007 на ФК Вардар го освои силнииот меѓународен турнир „Црно Море Куп„ кој изминативе денови се играше во Несебар.

Момците на Драган Стефановски-Гаге во големото финале успеаа да ја совладаат екипата на Реал Ниш од Србија. Откако противникот прв успеа да го отвори резултатот, до крајот на мечот, црвено-црните направија резултатски пресврт, постигнаа два гола во противничката мрежа и на крајот славеа со резултат 2:1. Стрелци на головите беа Милош Спасовски и Михаил Јорданоски.

Во групната фаза, вардаровата генерација го освои првото место во својата група. Во четвртфиналето ја победивме екипата на ФА Пловдив, додека во полуфиналето бевме подобри од тимот на Зумбру (3:0) и како што напоменавме во големото финале бевме подобри од Реал Ниш. Дел од радоста на вардарци после освоеното прво место можете да погледнете на линкот, ТУКА.

Утре ќе се одржи завршната церемонија на доделување на трофејот, како и медалите за освоеното прво место. Утре финале  на турнирот ќе игра и генерацијата 2005 на Вардар, додека генерацијата 2006 го освои четвртото место откако во малото финале загуби после изведување на ударите од белата точка. Генерацијата 2007 освои прво место на турнирот, во конкуренција на 16 екипи.