Вардаровиот бисер, Лука Јаневски доби уште едно големо признание, овој пат во меѓународни рамки. Инаку Лука беше дел од проектот „Фудбал за пријателство“ заедно со неговите соиграчи, Борјан Томовски и Милош Спасовски. Настанот се одржа во „Плаза Де Мајор“ во центарот на Мадрид.
Во овој проект учество земаа 32 меѓународни тимови на пријателство, а секоја екипа беше составена од 12 играчи, од различни земји во светот. Токму Лука Јаневски беше дел од тимот кој играше во големото финале на „Фудбалот за пријателство“ проект кој е под покровителство на компанијата „Гаспром“.
Лука Јаневски на крајот го доби признанието за најдобар голман, на овој настан, на кој учество земаа повеќе од 500 деца. Познати ни се квалитети на Лука, голман кој има добивано награди за најдобар чувар на мрежата и на завршните турнири во детската лига.