Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Артурс: Скопје е центар на ракометот, среќен сум што потпишав за Вардар
Артурс: Скопје е центар на ракометот, среќен сум што потпишав за Вардар

Артурс: Скопје е центар на ракометот, среќен сум што потпишав за Вардар

После заминувањето на Дејан Милосављев кој потпиша за Фуксе Берлин, испразнетото место ќе биде пополнето со Кугис Артурс (26), репрезентативец на Летонија. кој доаѓа од екипата на Гросвалштат. Во медиумите се вртеа неколку имиња, но од клубот се решија за овој голман. Артурс во Вардар ќе игра со неговиот сонародник, Даинис Кристопанс. После потпишување на договор со црвено-црните, летонскиот голман во изјава за официјалната страна на клубот го изјави следново:

„Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар, и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански”