Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > Slider > Официјално: Летонецот Кугис Артурс е нов голман на РК Вардар
Официјално: Летонецот Кугис Артурс  е нов голман на РК Вардар

Официјално: Летонецот Кугис Артурс е нов голман на РК Вардар

Пристигна ново засилување за Вардар. Се работи за голманот Кугис Артурс (26), репрезентативец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат и со кој потпишавме договор на две години.

Артурс беше особено забележителен во квалификациите за ЕП 2020 година, и неговите одбрани беа одбележани и од страна на ЕХФТВ по натпреварот со Словенија. Првпат Летонија избори место на ЕП, тој е соиграч на нашиот десен бек Даинис Криштопанс.

Вардар во втората половина на јули ќе ги почне подготовките за новата сезона, а сигурно е дека на крајот на август треба да настапи на Супер Глоуб каде ќе се обиде да стигне и до титулата на неофицијалното клупско СП.

„Вардар секогаш знаел да препознае квалитет во некој играч кој набрзо по доаѓањето во нашиот клуб веднаш станувал препознатлив н амеѓународна сцена. Веруваме дека и со Артурс ќе биде исто, и ќе продолжи исто како и неговите претходници меѓу стативите на „црвено-црните”, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Артурс, заедно со Гедбан и младиот Кизиќ ќе ја сочинуваат голманска тројка во Вардар, за новата натпреварувачка сезона.