Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Стојаноски: Вардар полека го формира тимот, кој следната сезона ќе игра во одбрана на трофејот во ЛШ
Стојаноски: Вардар полека го формира тимот, кој следната сезона ќе игра во одбрана на трофејот во ЛШ

Стојаноски: Вардар полека го формира тимот, кој следната сезона ќе игра во одбрана на трофејот во ЛШ

Актуелниот Шампион на Европа полека го комолетира тимот за следната натпреварувачка сезона. Откако летонецот Артурс Кугис беше потврден како нов голман на црвено-црните, денеска клубот ги официјализираше и трансферите на руските репрезентативци, Павел Атман кој доаѓа од Хановер и на Сергеј Горпишин од екипата на Ерланген, кои се дел од најсилната бундес-лига. Ова значи дека Вардар повторно ќе има силен тим, кој во новата сезона ќе има за задача да ги одбрани трофеиите. Извршниот директот на клубот, Давор Стојаноски за официјалниот сајт на Вардар истакна дека полека се формира тимот и дека се среќни со доведувањето на новите засилувања.

-Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни препораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секао ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина, истакна Стојаноски.