Вардар во новата сезона ќе има нов голман, а тоа е летонецот Кугис Артурс, кој доаѓа од екипата на Гросвалштат. Артурс заедно со Кристопанс беа едни од најзаслужните играчи, за историскиот пласман на Летонија на Европското првенство во 2020 година, што е прво едно вакво учество за оваа селекција.
Новиот чувар на мрежата на Вардар е познат по бранење на удари од седум метри, погледнете неколку видеа од новото засилување на Европскиот Шампион.