Долг беше патот кон освојување на четвртиот последователен трофеј во детската лига, за генерацијата 2007 на ФК Вардар. Оваа генерација претрпе и најмногу тренерски промени, вкупно три тренери ги водеа шампионите оваа сезона. Започна Горан Петрески кој имаше одличен биланс после завршување на есенскиот дел од сезоната, на 20 одиграни натпревари имаше исто толку победи, што беше за почит. На стартот од пролетниот дел, кратко со генерацијата 2007 работеше и Филип Спасески, додека последните три месеци тренер беше Драган Стефановски-Гаге, со кој успеаа да станат Шампиони на Македонија и на тој начин да го повторат успехот од претходните три години.
Вардар (1) одигра вкупно 24 натпревари, на кои имаше само 1 нерешен резултат и дури 23 победи. Неприкосновени беа вардарци во регуларниот дел од сезоната, а само екипата на Кул успеа да се радува на освоен бод, всушност со истиов противник се сретнавме во финалето, кој најмногу не намачи кон освојување на првото место. Постигнавме вкупно 161 гол, додека примивме 20.
Ова се сите постигнати резултати за оваа екипа на Вардар во регуларниот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Сарај (1) 7:1
2 коло: Вардар – Еуроспорт 7:1
3 коло: Вардар – Милано 5:2
4 коло: Вардар – Драчево 4:0
5 коло: Вардар – Кул (1) 5:2
6 коло: Вардар – Њу Старс (1) 12:0
7 коло: Вардар – Албарса 8:1
8 коло: Вардар – Скупи 15:0
9 коло: Вардар – Беса 12:1
10 коло: Вардар – Нова Колонија 6:0
11 коло: Вардар – Милано 4:0
12 коло: Вардар – Сарај (1) 8:0
13 коло: Вардар – Еуроспорт 4:1
14 коло: Вардар – Кул (1) 4:4
15 коло: Вардар – Нова Колонија 7:0
16 коло: Вардар – Беса 8:1
17 коло: Вардар – Драчево 12:0
Без проблеми ги поминавме трите елиминациски пречки, најавувајќи дека подготвени влегуваме во одбрана на трофејот.
Плеј-оф разигрување:
1 коло: Вардар – Сарај (2) 3:0 ( службено)
2 коло: Вардар – Куманово 10:1
3 коло: Вардар – Њу Старс 5:1
На завршниот турнир ни беа потребни четири победи за да стигнеме до трофејот. Неизвесности имаше во четврт-финалето кога Албарса се врати од негатива од два гола, го израмни резултатот, дури имаше и пенал за водство, но Вардар сепак на крајот излезе како победник. Во големото финале го победивме Кул, дури после изведување на удари од белата точка, иако имавме прилика победникот да го решиме и во регуларниот дел. Сепак и во тешките моменти покажавме карактер на големи победници и само ја потврдивме доминацијата која владее овие четири години.
Завршен турнир:
1/8 финале: Вардар – Мал Ајакс 7:0
1/4 финале: Вардар – Албарса 3:2
1/2 финале: Вардар – Драчево Јуниор 4:1
ФИНАЛЕ: Вардар – Кул 1:1 ( пенали 5:4)
Вардар (2) одигра исто така добра сезона, имаше 17 победи, без нерешен резултат и три порази. Не успеавме да се пласираме на завршниот турнир, но покажавме дека можеме да бидеме опасни за секого. Оваа екипа имаше максимален број на освоени бодови во есенскиот дел од сезоната. Постигнавме вкупно 133 голови, додека примивме 32.
Ова се сите резултати на Вардар (2) оваа сезона:
1 коло: Вардар – Сарај (2) 7:0
2 коло: Вардар – Куманово 3:0
3 коло: Вардар – Викторија 5:3
4 коло: Вардар – Смилковци 9:0
5 коло: Вардар – Кул (2) 4:3
6 коло: Вардар – Њу Старс (2) 3:1
7 коло: Вардар – Албион 3:2
8 коло: Вардар – Шкупи 9:0
9 коло: Вардар – Работнички 4:3
10 коло: Вардар – Форца 9:3
11 коло: Вардар – Сарај (2) 8:1
12 коло: Вардар – Викторија 5:2
13 коло: Вардар – Куманово 1:2
14 коло: Вардар – Кул (2) 4:3
15 коло: Вардар – Форца 3:0
16 коло: Вардар – Работнички 0:4
17 коло: Вардар – Смилковци 15:0
18 коло: Вардар – Шкупи 5:1
Плеј-оф разигрување:
1 коло: Вардар – Њу Старс (1) 11:0
2 коло: Вардар – Албион 0:4
Оваа генерација сезонава настапи и на четири турнири.
Прв турнир на кој земаа учество беше оној во градот Сандански ( Бугарија) или „Пирин Купот“. Тука го освоивме петтото место. Ова се сите резултати на вардарци, на овој турнир:
1 коло: Вардар – Беласица Петриќ 5:0
2 коло: Вардар – Царско Село 0:0
3 коло: Вардар – Доростол 0:0
1/4 финале: Вардар – Паок 0:1
5/6 место: Вардар – Бургас 2:0
Првиот турнир кој го освои оваа генерација беше домашниот „Кул Куп 2018“ во организација на фудбалската школа Кул. На првите два гореспоменати турнири, екипата ја предводеше Горан Петрески. Сите постигнати резултати на овој турнир:
1 коло: Вардар – Албарса 2:0
2 коло: Вардар – Тиквеш 6:1
3 коло: Вардар – Кул 7:0
1/4 финале: Вардар – Драчево 1:0
1/2 финале: Вардар – Нова Колонија 6:0
ФИНАЛЕ: Вардар – Кул 1:0
Следен турнир на кој настапивме беше оној во Боровец ( Бугарија) „Самоков Куп“ на кој го освоивме првото место, а бевме предводени од Филип Спасески. Во продолжение сите постигнати резултати на овој турнир:
1 коло: Вардар – Рилски Спортист 2:0
2 коло: Вардар – Марек 7:1
3 коло: Вардар – Розова Долина 4:0
ФИНАЛЕ: Вардар – Левски Софија 1:0
Земавме учество и на турнир во Софија, или т.н.р. „Црвен Куп“ на кој го освоивме петтото место. Тоа беше прв турнир за Стефановски како тренер на оваа генерација.
Како „шлаг“ на добрата сезона беше силниот меѓународен турнир во Несебар, или „Црно Море Куп“ на кој нашите млади надежи го освоија првото место. Сите постигнати резултати на овој турнир:
1 коло: Вардар – Локомотив 5:0
2 коло: Вардар – Хасково 10:0
3 коло: Вардар – Тиха Варна 3:0
1/4 финале: Вардар – ФА Пловдив 2:0
1/2 финале: Вардар – Зимбру 3:0
ФИНАЛЕ: Вардар – Реал Ниш 2:1