Актуелниот Европски Шампион започнува да го гради тимот и за следната натпреварувачка сезона. Покрај тоа што беа донесени неколку засилувања, од клубот работат и на задржување на играчите кои беа дел од Вардар. Се работи за голманот Калифа Гедбамн, со кој е договорена соработка на уште една сезона. Гедбан е првиот алжирец во редовите на Вардар.
„ Калифа во Вардар сезонава со своите настапи покажа многупати дека е квалитетен голман. Ние одамна го препознавме тој квалитет и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. Со младоста, квалитетот и посветеноста ветува дека ќе израсне во врвен играч. Задоволни сме што и тој останува во Скопја и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв, изјави Давор Стојаноски извршниот директор на Вардар.
Гедбан заедно со Артурс Кугис и Марко Кизиќ ќе ја сочинуваат голманската тројка на Вардар.