Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Талески не е опција за Вардар
Талески не е опција за Вардар

Талески не е опција за Вардар

Репрезентативецот на Македонија и член на бундес-лигашот Рајн Некар, Филип Талески, не е опција за нападот на европскиот шампион ниту овој летен преоден рок.

Според информациите на ,,Вардар Фанс”, Талески да пристигне во Вардар беа само шпекулации изминатиов период и дека од тоа нема апсолутно ништо.

Кога сме кај другите нови играчи, Серафимов е се по далеку од Вардар, додека пак Димитриоски и Толедо се пред официјализација. Дали Калараш ќе остане во Скопје, ќе дознаеме во четврток.