Европскиот ракометен шампион и оваа година ќе биде дел од силниот меѓународен турнир во Стразбург. Вардарци полека го кројат планот за тоа како ќе изгледа подготвителниот периот, а еден од турнирите на кои ќе игра е токму овој во Стразбург, инаку се разботи за еден од најсилните подготвителни летни турнири, кој оваа година треба да се одигра во периодот од 22-25.август.
Покрај Вардар на турнирот ќе се натпреваруваат и екипите на: Елверум ( Норвешка), Нант (Франција), Пик Сегед ( Унгарија), Монпелје ( Франција), Бенфика ( Португалија).
Ова ќе биде силна подготовка за вардарци, кои после овој турнир заминуваат на „Супер Глоуб Купот“ или неофицијалното светско првенство.