Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Како ќе изгледа ФК Вардар во новата сезона?
Како ќе изгледа ФК Вардар во новата сезона?

Како ќе изгледа ФК Вардар во новата сезона?

Фудбалерите на Вардар означија старт на летните подготовки, а забележаа и една победа против градскиот ривал, тимот на Работнички од 2:1.

Во новата сезона која започнува на средина на идниот месец, Вардар ќе влезе без нови имиња освен оние кои се вратени од позајмици, или прекомандувани од младинскиот во првиот тим. Во овој момент во тимот има само три официјални заминувања.

Како би изгледал новиот тим, односно почетните 11-мина на Васоски, кои ќе треба да го понесат главниот товар оваа сезона во ПМФЛ и Купот на Македонија?

Веројатен состав: Гачевски, Новак, Манев, Брдаровски, Жуниор, Мицевски, Најдовски, Адем, Аврамовски, Попзлатанов и Колевски (Ибиши).

Замени/нови имиња од младинскиот погон: Тошевски, Цветаноски, Серафимов, Илиќ, Димоски, Младеновски,Реџепи,Трајчевски, Андов, Наумчески, Велковски, Манасиевски, Стојчески, Игнатов, Омерагиќ, Радевски, Ѓурковски, Јусуф..

Од клубот си заминаа: Горан Попов, Вилијан Лира и Хуан Фелипе. Сеуште е неизвесна иднината на Кларенс Битанг.