Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Милосављев е прогласен за најдобар ракометар на Србија, во сезоната 2018/19
Милосављев е прогласен за најдобар ракометар на Србија, во сезоната 2018/19

Милосављев е прогласен за најдобар ракометар на Србија, во сезоната 2018/19

Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милисављев е прогласен за најдобар ракометар на Србија, во сезоната 2018/19. Според традиционалниот избор кој секоја година го прави реномираниот ракометен портал „Балкан Хандбал“, во нивната анкета најмногу гласови освои токму Милосављев.

-Сјајниот голман имаше сезона од соништата во македонската претстолнина, каде пристигна како анонимен играч за Европски усови, а се опрости од Вардар како најдобар голман во Лигата на Шампионите, за изминатата сезона, освојувајќи го скапоцениот трофеј, стои во текстот на „Балкан Хандбал“

Милосављев доби најмногу гласови во изборот и за најдобар голман, пред Владимир Цупара и Тибор Иванишевиќ и на тој начин се најде во најдобриот тим на Србија, во сезоната која помина.