Во новата натпреварувачка сезона ќе гледаме нов формат на натпреварување во СЕХА-лигата. Екипите ќе бидат поделени во две групи, а веќе се познати и противниците на Вардар во групата.
Актуелниот освојувач и најтрофејниот клуб во СЕХА-лигата, екипата на Вардар ќе биде во група со Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје, додека другата група ја сочинуваат екипите на Еурофарм Работник, Веспрем, Загреб, Мешков Брест, Металопластика, и Пекинг Универзитет.