Денес, македонската младинска женска селекција ќе одигра нов дуел на ЕХФ-шампионатот во Литванија. По двата пораза во групата ја испуштивме шансата да играме во полуфиналето, па така денес го започнуваме разигрувањето за пласман од 5то до 8то место.
Ривал ни е нашиот северен сосед, селекцијата на Република Косово. Дуелот е закажан со почеток во 14-00 часот. Истиот е можност за поправање на впечатокот, квалитетот е на наша страна во ова соочување само е потребно девојките да се измотивираат и да дадат максимум на оваа средба.