Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар утрово заминаа за Фоча, тренерот Деспотовски со себе понесе 18 играчи
Кадетите на ФК Вардар утрово заминаа за Фоча, тренерот Деспотовски со себе понесе 18 играчи

Кадетите на ФК Вардар утрово заминаа за Фоча, тренерот Деспотовски со себе понесе 18 играчи

Уште една генерација на ФК Вардар утрово замина на турнир, тоа се кадетите, или генерација на играчи кои се родени 2002 година. Тие ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир „фудбалски пријатели“ кој ќе се одржи во градот Фоча ( БиХ), во периодот од 25-28.јули.

Учество на турнирот ќе земат вкупно десет екипи. Вардар е дел од групата Б, во која ќе бидат и екипите на Локомотив Москва ( Русија) и Црвена Ѕвезда ( Србија). Во групата А ќе се натпреваруваат Крилја Советов ( Русија), Марибор ( Словенија), Будуќност ( Црна Гора) и Сутјеска (Црна Гора), додека во групата Ц се екипите на Мол Види ( Унгарија), Железничар ( БИХ) и Ријека ( Хрватска).

Тренерот Филип Деспотовски на овој турнир ќе смета на следниве играчи: Кристијан Китановски, Матеј Величковски ( голмани), Анатолиј Петејчук, Али Асани, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Далибор Костовски, Виктор Крстевски, Абдулах Хасани, Петар Гугуљанов, Муас Демири, Харбин Речица, Фисник Салиу, Филип Симев, Дамјан Трајановски, Иван Мицевски, Атом Фазлиу, Ринор Исени, Енес Шабани.

Тренер на голмани: Бојан Димкоски и економ: Перо Ангелески.

Настапот на турнирот го отвараме во текот на утрешниот ден, а прв противник е екипата на Црвена Ѕвезда.

Во редовите на Вардар ќе недостасуваат неколку играчи од оваа генерација, кои се на подготовки со првиот тим во Словенија. Се работи за најдобриот стрелец од изминатата сезона, Азер Омерагиќ, потоа Леонид Игнатов и Александар Ѓурковски.