Кларенс Битанг и дефинитивно го напушта Вардар и се сели во Грција каде ќе настапува за тимот на Олимпијакос Волос. Битанг мина две години во Вардар, а објави дека Македонија му била својот втор дом, поради Вардар и неговите навивачи.
„Беше уживање да се биде дел од клубот. Во овие две години Македонија ми беше дом, поради Вардар и неговите навивачи. Благодарам за се, научив многу и на Вардар му посакувам се најдобро. Секогаш ќе бидете во моето срце“, објави Битанг.
Му посакуваме успех на Кларенс Битанг во новата средина.