Kадетска репрезентација на Македонија денес го има предпоследниот ден од подготовките во Маврово, девојките утре заминуваат назад пред почетокот на тест-мечевите. Викендов ќе одиграме два дуела со Бугарија како подготвка за настап на ЕХФ шампионатот во Италија.
Од денес селекторот Владимир Пановски во Маврово работи со сите ракометарките кои му се ставија на располагање по враќањето на 5 девојки кои беа дел од младинската селекција. Познат и распоред и саатниците за групната фаза, во Италија. Истиот изгледа вака:
*4.август, Италија – Македонија (20:00 часот)
*5.август , Македонија – Белорусија (18:00 часот)
*7.август, Македонија – Азербејџан (18:00 часот)
*8.август, Полска – Македонија (18:00 часот)