Генерацијата 2004 на ФК Вардар тренира на Академијата и се подготвува за новата натпреварувачка сезона, во која за прв пат ќе играме во помладата-пионерска супер лига. Претходните две години ги поминавме во регионалната скопска лига, истата еднаш ја освоивме, а на два пати го подигнавме трофејот и во купот на Македонија. Новитет во оваа генерација е тоа што има нов тренер, еден од најискусните и најдобрите во Академијата на Вардар, се работи за Сашо Тодоровски или Рап-Тап, кој ќе се обиде и со оваа генерација да ги повторува успесите, како и со претходните со кои работеше во Вардар. Повратници во екипата се Стефан Тасев, Марио Ричков и Огнен Здравковски, кои доаѓаат од Академијата на ФФМ, каде поминаа претходниве две години.
Погледнете фотографии од утринскиот тренинг на оваа генерација.