Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дуелите на кадетките со Бугарија ќе бидат од отворен тип, викендов две средби во Автокоманда
Дуелите на кадетките со Бугарија ќе бидат од отворен тип, викендов две средби во Автокоманда

Дуелите на кадетките со Бугарија ќе бидат од отворен тип, викендов две средби во Автокоманда

Дефинирани се во целост деталите за двете контролки на кадетките со селекцијата на Бугарија. Истите ќе се играат утре и задутре. Саатниците претрпеа минимална промена, а и типот на дуелот. Иако имаше најави од федерацијата дека ќе бидат од затворен тип, одлучено е двата дуели да бидат од отворен тип. Па така ќе може да ги поддржиме кадетките на Македонија пред заминувањето на ЕХФ Шампионатот во Италија.

Дуелите ќе се играат во салата Автокоманда во следните термини:

-Македонија-Бугарија (сабота) 27/07 19-00 часот

-Македонија-Бугарија (недела) 28/07 10-00 часот