Пред 16.години на денешниот ден во 2003 година, беше забележан еден триумф кој ќе биде запомнет како еден од најголемите во историјата на Вардар на меѓународна сцена. Црвено-црните ја остварија до тогаш најголемата победа во Европа, совладувајќи ја екипата ЦСКА среде Москва со 2:1. Оваа победа во Русија го отвори патот кон 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, односно во фазата пред групи.
Двата погодока на тој дуел беа дело на Влатко Грозданоски и бразилецот Вандаир. Ние со нив поведовме со 0:2, а ЦСКА успеа пред крајот на да го намали резултатот. Коцките се погодија и на реваншот кога беше 1:1, со што Вардарци се пласираа во следната фаза и одиграа двомеч со Спарта Прага.
За нашиот тим на тој натпревар во Москва настапија: Зекир, Веселиновски, Ѓошевски, Блесинг, Грозданоски, Трајчев, Захариевски, Ристовски, Георгиевски, Бранковиќ, Вандаир. Уште играа Боби Божиновски, Игор Милевски и Оливеира. Шеф на стручен штаб беше на овој дуел Зоран Стратев.
Видео од тој натпревар>