Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Како поминаа на трансфер пазарот, противниците на Вардар во ЛШ
Како поминаа на трансфер пазарот, противниците на Вардар во ЛШ

Како поминаа на трансфер пазарот, противниците на Вардар во ЛШ

На 14.септември, Вардар ја започнува одбраната на Европската титула, со гостување кај екипата на Монпелје, во рамките на првото коло од групата А. Останати противници на црвено-црните во една од најсилните групи, се уште и екипите на Веспрем, Киелце, Брест Мешков, Мотор Запорожје, Кил, Порто,

Што се однесува до промените во играчкиот кадар кај овие екипи, секако дека беа активни на трансфер пазарот, а по обичај последниве сезони најмногу се засилува тимот на Веспрем.

Првиот противник на Вардар, екипата на Монпелје во своите редови го донесе голманот од Пик Сегед, се работи за Марин Шего, а големо засилување е и бекот, Жилберто Дуарте кој пристигна од Барса, како и Јанис Лене и Кевин Бонфоа. Од тимот заминаа искусни играчи како Винсен Жерар ,Мишел Гигу и Вид Кавтичник.

Промени имаше и кај екипата на Брест Мешков, за која сметаме дека повеќе ослабе, отколку што се засили. Белорусите ги нашуштија играчи како Симе Ивиќ, Петар Џорџиќ, Вид Потеко, Павел Хорак, Денис Рутенка и Сергеј Шилович. На нивно место дојдоа Акамбре и Малус ( Целје), Канкараш ( Истрес), Обрадовиќ ( Висла), Паниќ ( Азоти) и Вајлупов (СКА Минск).

Вицешампионот на Европа, ќе се обиде во новата сезона да стигне до толку посакуваниот трофеј од ЛШ, тимот на Веспрем, кој во својата историја има загубено четири финалиња во најголемото натпреварување, последното беше токму против нашиот Вардар. Токму од редовите на Европскиот Шампион, во екипата на Веспрем се преселија Мораеш Фереира и Вуко Борозан, додека сигурно едно од најзвучните засилувања за тимот е Расмус Лауге кој пристигна од екипата на Фленсбург. Тука е и голманот, Владимир Цупара кој пристигна од Киелце, како и неколку други играчи кои не се звучни за ракометната јавност, а последен кој потпиша беше Омар Калед од Египет. Веспрем се засили, но исто така и загуби на играчки план, а сигурно дека најголема загуба за тимот е голманот Роланд Миклер, кој премина во најголемиот ривал, тимот на Пик Сегед, додека крај на кариерата ставија искусните Ласло Наѓ и Момир Илиќ. Екипата ја напушти и пикерот, Рене Тофт Хансен, кој не се снајде најдобро и потпиша за Бенфика.

Големи промени имаше и кај екипата на Киелце, која минатата сезона успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн и да го освои 4.место. Најголеми засилувања се сигурно Игор Карачиќ, како и голманот Андреас Волф кој дојде од тимот на Кил. Тука се и Брано Вујовиќ ( Целје), Ромарик Гиљо (Нант) и Томас Гебала (Висла). Голем недостаток за тимот ќе биде заминувањето на Лука Циндриќ кој ќе игра за Барса, а Киелце го напуштија уште и Јурецки, Цупара и Мамиќ.

Во лигата на Шампионите после пауза од една година се враќа и екипата на Кил, која има нов тренер, а тоа е Филип Јиха. Немаше големи промени во составот од минатата сезона, дојдоа Дарио Квинстед (Магдебург), Павел Хорак (Мешков Брест), додека Андреас Волф, Марко Вујин и  Себастијан Фирнхабер.

Останатите противници на Вардар во групната фаза, се Мотор Запорожје и Порто. Шампионот на Украина донесе играч токму од Вардар, се работи за пикерот, Глеб Калараш, а тимот го засилија уште и Данер Јаанима (Либек), Станислав Жуков (Гумерзбах), Стефан Вујовиќ (Констанца), Павел Гурковскиј (Калараш). Од екипата на Мотор заминаа Жарко Пешевски, Павел Пачковски, Алексеј Шинкељ и Антон Терехов.

Во Порто немаше засилувања, а екипата ја напуштија Силва и Семедо.