Денес со почеток од 18:00 часот, екипата на ФК Вардар ќе го одигра својот претпоследен контролен натпревар на подготовките во Словенија. Противник на црвено-црните ќе биде екипата која доаѓа од втората лига на оваа земја, се работи за Рогашка.
На овие подготовки, вардарци немаа среќа со времето и одиграа само еден комплетен дуел, оној против тимот на Горица кој го загубивме со резултат 3:0. Првиот меч против Дравиња, беше прекинат во 60 минута, при наша предност од 1:0, додека на третиот дуел одигравме само едно полувреме против Ал Аин, и двата меча се прекинаа поради невреме.
Според програмата, во текот на утрешниот ден, Вардар треба да одигра и својот последен дуел на подготовки, против екипата на Касимпаша од Турција.