Вардар дојде до вториот триумф на пријателските натпревари во Словенија, не сметајќи ги двата „теста“ кои не го дочекаа крајот. Стрелец на денешната победа беше Џемал Ибиши во 55. минута од натпреварот. Вардарци утре се враќаат за Скопје.
Вардар дуелот го започна во следниот состав: Гачевски, Серафимов, Новак, Жуниор, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Мицевски, Цветаноски, Аврамовски и Ибиши.
Тимот на Вардар одлично ги одигра почетните 20-сетина минути од дуелот. Имаше две супер шанси да го отвори резултатот, но изостана реалализација. Најпрвин, Аврамовски дојде до шанса откако Вардар изврши супер пресинг на противничката половина, но нашиот офанзивец биеше за малку високо над голот со лоб удар. Потоа следуваше и големата шанса на Ибиши со глава, кој од пет метри биеше само над голот на противникот и пропадна и оваа шанса. Касимпаша во првиот дел имаше две до три прилики, но Гачевски не дозволи да биде совладан. На крајот, првиот дел заврши со почетните 0:0.
Добрата игра на Вардар беше крунисана со погодок во 55. минута, а успешен реализатор беше одличниот на овие летните подготовки Џемал Ибиши. Противникот се обидуваше, но фантастичната одбрана на чело со Новак и Серафимов одлично си ја изврши задачата до самиот крај.
Пофалби и честитки до Вардарци за вечерашната супер средба и победа против фаворизираниот тим од Турција.